Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

АХВ ги доби резултатите за квалитетот на водата во Струмица

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица.

Ниту една од осумте анализирани мостри во лабораториите на Ј.З.У Институт за јавно здравје на Македонија, не одговараат на параметрите за безбедност во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа. Мострата вода после таложник, земена од фабриката за обработка на вода Струмица не е безбедна поради утврдена зголемена содржина на амонијак и манган, исто како и земените мостри од ЈКПД Комуналец Стопански двор Струмица и мострата од резервоар Св. Петнаесет – Струмица.

Поради зголемени вредности на параметрите матност и присуство на амонијак не е безбедна ниту сировата вода земена од фабриката за обработка на вода –Струмица, а поради зголемена матност, присуство на амонијак над дозволените граници и утврдено значително зголемено присуство на манган, небезбедна е и мострата вода која е земена фабриката за обработка на вода од ЈКПД Комуналец Струмица земена пред таложник.

Реклама

Зголемена содржина на манган утврдена е и кај анализираните мостри вода земени после филтри од ЈКПД Комуналец Струмица, фабрика за обработка на вода, површинска вода – зафатна вода од акумулација Турија, кај која е утврдено и зголемена матност. Согласно резултатите од ЈЗУ Институт за јавно здравје, ниту овие две мостри не одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа. Поради небезбедност, на сила останува изречената забрана од Агенцијата за храна и ветеринарство за употреба на водата за пиење од водоводната мрежа на ЈКПД Комуналец од Струмица.