Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Ахмети од Дебар: На 19 октомври нема локални избори, туку национален референдум

На 19 октомври нема локални избори, туку национален рефрендум за достоинство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 19 октомври нема локални избори, туку национален рефрендум за достоинство и национална гордост. Ние сме заедно за да се соочиме со злото и потценувањето што им се направи на Албанците во овие 12 месеци од оваа влада. Христијан Мицкоски не го признава Охридскиот договор, достигнувањата на Албанците со погазување на пролеаната крв и предизвици, рече преку видео-порака лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашниот централен митинг во Дебар на Националната алијанса за интеграција.

Додаде дека во НАИ се обединиле за да кажат „доста“ на деградацијата и понижувањето, од Стргуга до Липково и оти „сите кандидати се наши, независно на која партија и припаѓаат, под ист–НАИ“.

Во обраќањето до дебрани, кадидатот за градоначалник Илириан Фетаху искажа убедување дека ќе добие максимална поддршка и оти негова мисија е да ја раководи општината со интегритет, транспарентност и професионалност.

Реклама

– Не барам шанса за власт туку можност за искрена соработка за заедно да изградиме современ град, кој ќе биде пример за успех, во кој секој иднината ќе ја гледа тука. Ќе изградиме ефикасна администрација, ќе обезбедиме чиста животна средина, квалитетни услуги за секој граѓанин, ќе ја развиеме економијата и туризмот. Ќе бидам градоначалник на сите, Албанци, Македоцни,Турци, Роми, од кои ја барам поддршката за да ги оствариме сите проекти зацртани во мојата програма, рече Фетаху.

На митингот се обрати и Артин Спахиу, носител на кандидатска листа за советници, кој исто така најави победата на 19 октомври како „остварена национална мисија, наспроти регресивните, националистички, антиалбански и антиинтеграциски сили предводени од ВМРО – ДПМНЕ“.

-Ние не сме за реваншизам, туку за вистинската цел, а тоа е рамноправноста. Дадениот глас е вашето оружје, за достинство и гордост што обединува. Даваме чисти и реални ветувања кои и ќе ги оствариме, рече Спахиу.

На митимгот лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села обвини дека „ВМРО – ДПМНЕ и неговите вазали ветуваа европска интеграција, а процесот го стопираа и земјата ја донесоа под влијание на Србија“.

-Изборите на 19 октомври, на кои ќе извојуваме голема победа, е референдум на кој Мицкоски ќе добие одговор дека ние ги избираме нашите пртставници, а не оние кои тој ги поседува. Ќе му кажеме дека ние одлучуваме за нашите деца, за нашата иднина, за нашиот јазик, реќе меѓу другото Села.

Се обратија и други говорници, меѓу кои и Талат Џафери, пратеничката Арбана Пашоли, како и градоначалникот Хекуран Дука, кој ги наброја реализирани проекти и додаде дека општинска каса има средства, а не како што ја наследил празна.