Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Aграрот на колена земјоделците пред социјален колапс

Аграрот на колена, а земјоделците пред социјален колапс. Ваквата состојба e резултат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аграрот на колена, а земјоделците пред социјален колапс. Ваквата состојба e резултат на лошите политики кои ги водеше досегашната власт.  Без итна владина поддршка Македонија, ќе се соочи со недостаток на храна, алармираат од Националната мрежа на земјоделци. Предупредуваат дека работат со загуба и се на работ на егзистенција.

 Слаб пласман, ниска откупна цена, немање на кадар, се само дел од проблемите со кои се соочуват македонските земјоделци.

„ Имаме и друг проблем. Оваа година имаме околу 10.000земјоделци кои не можеа да ги остварат правата за дополнителни субвенции, поради некои административни бариери кои ги имаше наметнато поранешната Влада. Мора некако да се барат решенија, да се седне, да се разговара, за да се усогласиме, во спротивно, вака ако продолжиме ние како земјоделци ќе пропаднеме, но ќе се соочиме со страшен дефицит, односно недостаток на храна, скапа храна, неквалитетна, така што ситуацијата е многу тешка„ изјави Ѓорѓи Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.   

Реклама

Неизвестност и пред стартот на  новата жетва на пченица. Како една од мерките за спас на домашното лебно зрно земјоделците, предлагаат да се запре увозот на странско жито, а за таа сметка да се стимулира домашното производство.

 „Ако се задржат минатогодишните цени ние ќе бидеме длабоко во загуба. Евентуално, ако дојде до корекции и цената на пченицата биде над 20денари можеме да зборуваме за некоја економска рентабилност. Под 20денари е апсолутна загуба„ објаснува Каракешев.

Пролетните врнежи од дожд  благопријатно ќе се одразат на  посеаните  житни култури. За оваа година се очекуват просечни приноси, но со добар квалитет. Иако Македонија важи за земјоделска земја, годишното производство не ги задоволува потребите за пченица кои се од 310 до 330 илјади тони, па затоа се увезува, најмногу од Србија.

Александра Ристевска