Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство со засилени инспекциски надзори за престојните празници

Засилени инспекциски надзори на сите оператори кои произведуваат или пуштаат во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени инспекциски надзори на сите оператори кои произведуваат или пуштаат во употреба храна за време на новогодишните и божиќните празници најави директорот на АХВ. Миланов апелира операторите да внимаваат каква храна пуштаат во промет и ги повика граѓаните да пријават доколку забележат неправилности.

“Во пресрет на овие новогодишни и божични празници Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведува засилени контроли кај сите оператори кои произведуваат или пуштаат во употреба храна поради зголемената побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи. Тоа се однесува на сите оператори со храна, ресторани, кафетерии, месарниците. Интензивно ќе бидат и контролите во малопродажбата” изјави директорот на АХВ Оливер Миланов.

Новогодишни пакетчиња со истечен рок утврдиле инскепторите на АХВ. Миланов потврди дека кај четири оператори кои пакувале и пуштале пакетчиња во продажба, три од производите во нив, немале наведено кој е последниот датум до кога може да се користат, или пак биле со рок, кој истекува до крајот на месецов. Издадена е наредба производите да се повлечат од употреба и изречени се казни.

Реклама

“Минатата недела се спроведоа надзори во магацини и продавници кои пакуваат и продаваат новогодишни пакетчиња, односно маркети и продавници кои ги продаваат. Спроведени се 62 контроли и утврдено е несоодветно пакување кај 4 оператори, односно, три вида на пакетчиња немаат датум или тој истекува до крајот на месецот” изјави Миланов.

Од АХВ потврдија дека  освен активности на терен, работат и на подобрување на своите услуги. Досега се дигитализирани 23 алатки со кои се зголемува транспарентноста и ефикасноста на агенцијата, а на граѓаните и правните субјекти им се олеснува пристапот до потребните услуги. 

Даниел Ѓорѓевски