Реклама
Прилози

Агенцијата за цивилно воздухопловство: Во М-НАВ не се почитувани процедурите заобезбедување

Немало последици по безбедноста  со упадот во М- НАВ  но, биле повредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немало последици по безбедноста  со упадот во М- НАВ  но, биле повредени бројни процедури кои можело да предизвикаат сериозни последици , вели директорот на Агенцијата за цивилно возухопловство.  Според прелиминарниот извештај од вонредниот надзор конкретно, не биле почитувани процедурите за обезбедување,  програмата за обезбедување, одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај, а не биле почитувани ни одредени одредби од Законот за воздухопловство. 14 наоди се утврдени во конечниот записник од агенцијата.

Некој своеволно си зел за право да не ги почитува процедурите, туку да работи според сопствено убедување. Тоа довело до неовластено или незаконско влегување на лица во службени простории, но не во оперативната сала каде се остварува комуникација помеѓу авионите и контролорите. И заради низа други пропусти кои веројатно се толерирале подолг период во самиот објект, како на пример да не се држи затворена одредена врата која требало да биде затворена за да им биде покомотно. Еден сплет околности кои довеле до повреда на безбедносните процедури од аспект на физичко обезбедување на објектот“, вели Тунтев.

Реклама

 Она што загрижува е дека непочитувањето не било само за време на упадот. Според инспекторите, континуирано не се придржувале кон пропишани процедури за обезбедување.  По недостатоците кои биле констатирани, Агенцијата изготвила решение за преземање на 11 задолжителни мерки и активности со различен рок на реализација. 

Корективниот акциски план се подготвува во соработка со М-НАВ затоа што тие треба да се изјаснат во однос на 11. задолжителни мерки кога и на кој начин можат да бидат реализирани. Дел од нив се со рок веднаш, некои со 15 дена, некои 90 дена, некои според рок кој дополнително ќе биде утврден во заедничка комуникација. Освен 11. задолжителни мерки ќе има три препораки до кои инсистираме да се држат, а ќе има и оперативна директива за одредени активности што сега не се дел ниту од Националната програма за обезбедување, ниту од законот, а не можеме да чекаме да ги смениме“, рече Тунтев.

Тројца вработени во М- НАВ беа нападнати по прес-конференцијата на претседателот на синдикатотот во која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ ) ќе поднесат оставки на раководни позиции, по што следеше и смена на раководството.