Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Агенција за филм или Агенција за скандали – нови моменти, се трошело без усул и без покритие

Агенцијата за филм го оштетила државнот буџет и го загрозила производството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за филм го оштетила државнот буџет и го загрозила производството на домашни филмови за идните пет години. Истражувањето на ТВ Алфа, покажува дека токму институцијата која треба да се грижи и да ја развива македонската филмска индустрија, ја довело пред колапс. Во надзорните извештаи на Министерството за култура, до кои ТВ Алфа конечно дојде и тоа повикувајќи се на законот за пристап до информации од јавен карактер, утврдено е дека во Агенцијата за филм, додека со неа директорувал Бојан Лазаревски, еклатантно ги прекршувале законите и дека се под сомниение за кривична одговорност.

  • Во 2022 година, Агенцијата за филм по конкурсите за финансирање на филмски проекти од национален интерес, распределила средства во износ од 330.906,250,00 денари (двојно повеќе од средствата предвидени за филмска дејност во буџетот), со што не само што го оштетиле буџетот, туку го загрозила остварувањето на филмската дејност во следните пет години. – Пишува во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Одговорните во Агенцијата за филм, наместо да ги санкционираат продукцентските куќи на кои им доделиле народни пари за да создаваат уметност, тие често ниту барале отчет за тоа, на што се трошат парите, ниту пак поднесувале тужби за средствата да се вратат назад во државниот буџет. Напротив, чекале договорите да застарат, па продуцентите да се ослободат од одговорност и воопшто да не треба да ги вратат парите, иако не снимиле филмови.

  • Агенцијата за филм овозможила побарувањата за враќање на средствата да застарат и да не може да бидат наплатени по судски пат, што претставува основ за кривично гонење бидејќи лицата кои биле надлежни да го сторат тоа, не го сториле, поради што постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и/или несовесно работење во службата. – Стои во извештајот на култура.

Алфа ТВ откри и дека 39 проекти добиле околу 50 милиони денари од државниот буџет, односно 813 илјади евра преку Агенцијата за филм, а ниту снимиле филмови, ниту пак ги вратиле парите назад кај државата. Во меѓувреме, иако владата и Министерството за култура знаеле за злоупотребите во филмскиот фонд, останува дилема, дали и тие биле соработници, па затоа не направиле ништо за тоа да го спречат или да го санкционираат.

Реклама

Никола Цветкоски