Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Агенција за катастар: Во 2025 година над 1.040.000 решени предмети и целосно тековно работење 

Агенцијата за катастар на недвижности  во 2025 година решила вкупно 1.040.137 предмети,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за катастар на недвижности  во 2025 година решила вкупно 1.040.137 предмети, што, наведуваат во соопштение, претставува јасен показател за зголемена ефикасност и континуирана посветеност во обезбедувањето квалитетна и навремена услуга. Паралелно со тоа, од Катастарот велат дека целосно се расчистени заостанатите предмети, а сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските рокови. 

Дополнително, до Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар  биле поднесени 577 претставки, од кои 556, односно 96,4 проценти, се целосно обработени и затворени.

Во делот на графичкиот регистар на градежно земјиште, примени се 3.878 предмети, од кои 3.863, односно 99,6 проценти, се успешно решени, што укажува на високо ниво на ефикасност и ажурност.

Реклама

Во 2025 година преку електронскиот систем е-Влада до Агенцијата за катастар се доставени вкупно 416 барања за мислења и се одговорени во целост, со што процентот на реализација на овој вид на барања е 100 проценти. 

– Една од клучните заложби на раководството беше и системското намалување на заостанатите предмети, како и навремено постапување по новопристигнатите барања. Во таа насока, бројот на нерешени тековни предмети е намален за 47,4 проценти, додека бројот на тековно примени предмети во 2025 година е зголемен за 8 порценти, во споредба со 2024 година, информира Агенцијата за катастар на недвижности. 

Според директорот на АКН, Иван Живковски,  поставените цели за 2025 година се реализирани, а бројките се најдобар доказ за тоа. Во објава на социјалните мрежи тој најави дека и во наредниот период Агенцијата ќе продолжи со интензивна дигитализација, унапредување на услугите и зголемување на транспарентноста.

– Овие резултати се јасен показател за подобрената организација, засилената контрола и зголемената ефикасност во работењето на Агенцијата за катастар на недвижности, со јасна цел – побрзи, поквалитетни и транспарентни услуги за граѓаните, истакна Живковски.