Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави

Вежбата, како што се наведува денеска во соопштението на Амбасадата на САД,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вежбата, како што се наведува денеска во соопштението на Амбасадата на САД, ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

-„Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија. Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници, изјавила амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Брз одговор 2025, се додава во соопштението, коинцидира со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

Реклама

-Ова е значаен исчекор во партнерството засновано врз заеднички вредности, нагласува Амбасадата.

Во рамки на настаните, армискиот оркестар на Националната гарда на Вермонт ќе се придружи на воениот оркестар од Македонија на 23 мај од 11 до 12 часот кон активност со ученици од средното музичко училиште во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, на 24 мај од 13 до 14 часот на концерт во Битола на градскиот плоштад „Магнолија, на 25 мај од 12 до 13 часот на концерт во Паркот на Франкофонијата во Скопје, на 26 мај од 11 до 12 часот на концерт на свеченото отворање на Брз одговор 2025 во кампот „Стрела“ на Криволак.

На 1 јуни од 10 до 12 часот ќе има изложување на градскиот плоштад во Кавадарци со оружје, возила, опрема за качување, роботи за откривање мини, тактичка опрема, дронови и игри на отворено со учество од Албанија, Австрија, Италија, Македонија и САД, а на 2 јуни мултинационален настан во живо, ден на медиуми и високи гости на Криволак, кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

– САД и Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Македонија. Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана, се додава во соопштението.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски завчера информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

– Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски на брифинг со новинари.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“ е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

На вежбата на АП Криволак ќе учествуваат Македонија со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници.

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.