Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Аеродром добива второ основно училиште со целосно организирана едносменска настава

Министерството за образование и наука интензивно го реализира проектот за воведување едносменска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука интензивно го реализира проектот за воведување едносменска настава во основните училишта, при што во моментов се вршат адаптации, доградби и реновирања во шест училишта низ државата, а подготвена е реализација и во уште 15 училишни објекти, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при увидот во доградбата на нови училници во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар во Општина Аеродром.

Заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, министерката изврши увид во градежните работи за доградба на три нови училници во училиштето.

Јаневска нагласи дека едносменската настава е дел од владината програма и дека активностите за нејзино воведување се спроведуваат особено интензивно во текот на летниот период, кога учениците не посетуваат настава.

Реклама
null

Таа посочи дека едно од училиштата каде што се реализира проектот е ОУ „Александар Македонски“, каде се доградуваат три училници во вредност од 2,2 милиони денари.

– Со изградбата на новите училници ќе им овозможиме на учениците и наставниците подобри услови за настава и стекнување знаења – потенцира министерката.

Проектот, додаде Јаневска, се реализира и во општини каде што се бележи зголемување на бројот на ученици, со што се создаваат услови за непречено воведување на едносменскиот модел на настава.

Јаневска оцени дека активностите се во насока на унапредување на квалитетот на образованието и обезбедување подобри услови за учење.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески рече дека Општина Аеродром од новата учебна година ќе добие уште едно основно училиште со целосно организирана едносменска настава, откако завршуваат градежните активности за адаптација и доградба на училници во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар.

null

– Денеска заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, директорката на училиштето и пратениците во Собранието извршивме увид во градежните работи за адаптација на училници и простории во ОУ „Александар Македонски“, со што комплетно ќе воведеме едносменска настава во ова основно училиште. Ова е второто основно училиште во Аеродром кое воведува целосна едносменска настава – изјави Митески.

Тој посочи дека проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, додека Општината и училиштето ќе обезбедат опрема за новите и адаптирани училници.

Воведувањето едносменска настава во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар ќе претставува значајна придобивка за 710 ученици, информираше директорката на училиштето Маја Буклеска.

Таа нагласи дека успехот на едно училиште е резултат на заедничката работа на образовните институции и локалната самоуправа.

null

– Ако успехот на ученикот зависи од соработката меѓу наставникот, ученикот и родителот, тогаш успехот на едно училиште зависи од соработката меѓу училиштето, општината и Министерството за образование и наука. Резултатите од таа соработка ќе ги видат оние за кои постоиме, а тоа се нашите ученици – потенцира Буклеска.

Според неа, градежните активности се во завршна фаза, а целта е до почетокот на новата учебна година да се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата.