Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Адвокат Дуковски: Коцевски доби шанса, но ја прокоцка

Освен притисоци врз обвинители, цели шест месеци нема ништо друго од сработеното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Освен притисоци врз обвинители, цели шест месеци нема ништо друго од сработеното на државниот обвинител во борбата со криминалот и корупцијата. Вака дел од адвокатската фела ја оценува работата на првиот човек на Државното обвинителство, Љубомир Коцевски. Нема ниту една сериозна истрага за организиран криминал, а не е мрднато со прст ниту за она што го остави неговиот претходник, Љубомир Јовевски како што е случајот со пожарот на модуларната болница во Тетово, коментира адвокатот Сашко Дуковски.

Пракса во Македонија е секоја владина гарнитура да избира нов обвинител. Сегашната постави направи чекор за поздравување и го остави Љубомир Коцевски да си ја сработи работата, коментира Дуковски. Според него, Коцевски добил и повеќе шанса, но залудно.

Изминатов период премиерот Христијан Мицкоски обвини дека обвинители „користеле вирус, дијареа и други изговори за да не постапуваат. Тој од собраниска говорница на последните пратенички прашања изјави дека над стотина пријави од истражните институции седат во фиоки кај обвинителите и не се постапува по нив. Според премиерот истечено е трпението акј граѓаните бидејќи за половина година не видоа ниту една истрага во расчистувањето со криминалот и корупцијата.

Реклама

Љубомир Коцевски на ова одговорори дека не сака да коментира политички изјави сепак, го оправда отсуството на предметниот обвинител кој имал вирус и не можел да дојде на закажаниот состанок.

Во меѓувреме, Министерството за правда организира стручни дебати со цел да се донесат измена на законите за судски и обвинителски совет како дел од реформите во правосудството.

Меѓународната заедница бара имплементација на Извештајот на Оценската мисија што влезе во Судски, а власта очекува довербата на граѓаните во судството да се зголеми многу повеќе од сегашните 2 %.