Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Административците и оние кои имаат технички професии ќе бидат првите на удар од вештачката интелегенција

За некого олеснување, за некого отказ. Вештачката интелигенција која постојано се развива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За некого олеснување, за некого отказ. Вештачката интелигенција која постојано се развива ќе помогне во многу професии, но некои и целосно ќе ги замени.

И самата вештачка интелгенција потврдува дека човештвото е на прагот на огромна промена, на нова индустриска револуција.

Со ова се согласуваат и софтверските инженери кои секојдневно ја користат вештачката интелигенција – први на удар ќе бидат административните и техничките професии кои ќе бидат целосно автоматизирани.

Реклама

„Еден аспект е дека за жал може да придонесе до целосно укинување на некои работни позиции, бидејќи можат веќе да бидат автоматизирани со помош на процесите на вештачката интелигенција. Но, според мене тоа не би бил преогромен број на работни места, но во голем дел ќе ги измени работните места бидејќи определни задачи кои што работниците ги прават ќе може да бидат извршени побрзо“ вели Стефан Андонов, асистент на ФИНКИ

Новите алатки веќе се користат и во образовниот систем – од една страна ја олеснуваат работата на професорите, но од друга и ја отежнуваат зашто сега мора да проверуваат дали учениците и студентите ги злоупотребуваат и наместо сами да пишуваат есеи и да решаваат задачи тоа го препуштаат на програмите како ChatGPT.

„Во мојава професија секојдневно ја користам за се и од образование и од помош при креирање на задачи, па дури и прегледување некогаш ни помага. Особено во софтверската индустрија дефинитивно многу ни помага секојдневно во креирање, пишување на код“ вели Стефан Андонов, асистент на ФИНКИ

Анализата на Меѓународниот монетарен фонд покажува дека ВИ ќе влијае на околу 40% од сите работни места во светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други.

Според извештајот на Goldman Sachs би можела да наруши до 300 милиони работни места во блиска иднина, при што 50% од глобалната работна сила е изложена на ризик од автоматизација.

Програмите како ChatGPT освен во многу професии може да помогнат и во секојдневниот живот, на пример организација на викенд патување со одреден буџет на конкретна локација и совети кои места треба да се посетат; рецепт за ручек со состојки кои има во фрижидерот; препораки за книги и филмови според желба и расположение.

Давид Крстевски