Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сирење со еден отсто млечна маст, се продавало како да содржи 20 проценти – АХВ утврди манипулации при контроли на млечни производи

Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од декларираното. Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, е утврдено дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3 500 евра во денарска противвредност.

Според АХВ, за измама на потрошувачите, уште на осум оператори (производители и увозници) кај кои се утврдени отстапки од ваков вид – разлика во декларираниот и реалниот процент на млечна маст во контролираните млечни производи, изречени им се казни по 1.050 евра во денарска противвредност. Кај друг оператор со храна, со тестирањата е констатирано дека во производството на млечен производ користел растителни (палмини) масти, за што му е изречена парична казна од 1.300 евра во денарска противвредност. Спорниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми од овој оператор се повлечени од промет и нештетно уништени на депонија.

Кај оваа категорија оператори со храна, засилените инспекциските контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат и во наредниот период.

Реклама

-Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа нашите официјални ветеринари во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите синџии на маркети во земјава. Се чека комплетирање и на резултатите за тестираните сувомеснатите производи, за што јавноста дополнително ќе биде известена, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.