Реклама
Прилози

Мицкоски оптимист пред посетата на Кошта: Ќе се зголеми ли притисокот врз Бугарија да го тргне ветото за Македонија?!

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, но повеќе авантури  И понижувања, како што правеше претходната власт на меѓународен план нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, тој очекува да се разменат повеќе идеи, за надминување на пречката за интеграција на државава во Европската унија од како што рече, вештачкото билатерално барање на Бугарија.

-Можам да кажам дека ние имаме до сега исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање, билатерално барање кое што го има една земја членка кон Македонија, изјави Мицкоски.

Околу идејата на германскиот канцелар Фридрих Мерц, за нова динамика за пристапување на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, Мицкоски вели дека тоа  се идеи за кои што се слушало подолго време, но очекува поконкретно да слушне за предлогот на самитот во Тиват.

Реклама

-Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа претпоставувам ќе се случи на Самитот кој што ќе го имаме сега во Тиват, од 4-5 јуни. Јас ќе бидам таму и со нетрпение чекам да ги слушнам овие концепти и идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавноста, изјави Мицкоски.

Мицкоски проача дека тие се подготвени да работат на домашните задачи, да се ипорачаат реформите, да се изработи се што е објективно барање на Европската Унија, но исполнување на желбите на официјална Софија, како што беше во минатото повеќе не доаѓа во предвид, дециден е Мицкоски.

Според него доказ дека Бугарите во Устав се само стартот на барањата, се и последните изјави на новиот премиер на Бугарија Румен Радев, и затоа државава не е подотвена на никакви отстапки без јасен план за европската иднина.

-Ќе се обидеме да бараме решение кое што нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Нема ни простор, ни милиметар повеќе да се отстапува идентитетски, затоа што премногу оваа држава и граѓаните на Македонија дадоа изминатите децении би рекол, а возврат добивме ништо или многу малку и повторно има билатерални барања пред нас, изјави Мицкоски.

Освен Кошта кој во Македонија доаѓа пред Самитот во Црна гора, најавена е и посета месецов од страна на еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Посетите на двајцата европски бирократи доаѓаат по одлуката на Брисел зејава да добие најголем дел од средствата од Планот за раст,  наменети за балканските земји.

Матеја Петровски