Реклама
Прилози

Нов центар за тироида во „Аџибадем Систина“

Побезбедно, поефикасно и забрзано лекување на тироидната жлезда пристигна во Македонија. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Побезбедно, поефикасно и забрзано лекување на тироидната жлезда пристигна во Македонија. Во клиничката болница „Аџибадем Систина“ се отвори првиот центар за тироидна жлезда, каде преку нови методи се овозможува посовремен третман.

„Формирањето на Центарот за тироидна жлезда е значаен чекор кон обезбедување врвна, интегрирана и прецизна медицинска грижа за нашите пациенти. Главната цел на овој Центар е пациентите да можат за само еден ден на едно место да направат специјалистички преглед, ултразвук, лабораториски анализи, скен, биопсија и сѐ што е неопходно, без потреба од дополнителни консултации и упатувања во други установи“, изјави М-р доктор Билјана Црцарева, специјалист по нуклеарна медицина во Аџибадем Систина

Во рамки на центарот функционира широк дијапазон на специјалисти од нуклеарна медицина па се до педијатрија и ендокринологија, додека целта е да се направи целосниот процес полесен и побезбеден за пациентите.

Реклама

„Интраоперативниот невромониторинг, кој го применуваме во соработка со невролошкиот тим, има значајна предност во однос на конвенционалната визуелна идентификација на нервите во пределот на тироидната жлезда. Претставува безбедна техника, која ни дава можност во реално време да ги следиме функцијата и интегритетот на нервите за време на хируршката интервенција“, изјави Д-р Драган Смилевски, специјалист по торакална хирургија

Отворањето на центарот воспоставува нови стандарди и конкурентно решение во рамките на регионот за најкомплексните случаи кај деца и возрасни.

Бојан Таневски