Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Во тек е финалната фаза од уредувањето на домот на националниот џез оркестар

Убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот во Скопје, порача Министерот за култура Зоран Љутков од просториите каде ќе биде сместен Националниот џез оркестар. Станува збор за современ и функционален објект кој треба да обезбеди достоинствени услови за работа на музичарите и да стане нов центар на културата во Скопје. Првата фаза на реновирање веќе е завршена и опфаќа инфраструктурни работи и инсталации. Во тек е и втората фаза, која треба да го даде конечниот изглед на просторот, а рокот за изведба е 90 дена.

„Направени се оние погрубите работи во овој простор. Во втората фаза се одобрени некаде околу 7,5 милиони денари со кои ќе биде завршен конечниот изглед и на канцеларискиот простор, собите за вежбање и на салата што е во склп на овој простор. И конечно рок на изведба изведувачот има 90 дена , изјави Зоран Љутков, Министер за култура

Националната установа џес оркестар оваа година од државата доби 9 милиони денари за програмски активности. Новиот простор ќе зафаќа околу 500 квадратни метри и ќе содржи голема сала за проби, тонско студио, административни канцеларии и помошни простории.

Реклама

„Бескрајно сме благодарни на поддршката на раководството кој што ни излегоа во пресрет овие години за можноста да ги реализираме нашите концерти и нашата програма. Ова ќе биде суперолеснителна околност за во иднина да би реализирале уште подобри проекти и програма , изјави Гоце Стевковски, директор на Национален џез оркестар

Основниот проект за реновирање и уредување на овие простории кај Националната опера и балет е изработен уште во 2023 година. До крајот на годината, уште шест до седум институции од областа на културата, кои се во фаза на изградба, ќе бидат завршени.