Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Бугарија може да стави вето на иницијативата која би требало да ги спречи неоправданите вета- ќе има ли бугарски апсурд?!

Добра и интересна идеја за размислување, но проблемот е што за неа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добра и интересна идеја за размислување, но проблемот е што за неа треба да гласа и Бугарија, која тешко дека ќе прифати сама себе да си ги врзе рацете – ова е оценаката на експертите за германската идеја за нов механизам, според кој специјална арбитражна комисија би оценувала дали некое барање на земја членка кон земја аспирант е според копенхашките критериуми или не. Како на пример за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, дали внесување на Бугарите во Устав може да биде услов да преговори и слично,.

Извршниот директор на Еуротинк, Димитар Николовски, вели дека таков модел во секој случај би бил добар, како за Македонија, така и за другите земји аспиранти. Но, вели проблем е дека според моменталниот начин на одлучување, за такво нешто би морало да се согласи и официјална Софија.

-Тоа убаво звучи за нас, меѓутоа нема да ни го реши во овој момент проблемот. Ако постојат такви размислувања во Германија, тоа сигурно се насочени повеќе кон примањето на Украина за која се плашат дека може да биде ветоизирана од страна на еве да кажеме Унгарија или Словачка. Би било многу тешко да се достигне до една таква промена, за тоа би требало во крајна мера да се согласи и Бугарија, интересна идеја за размислување за во иднина, изјави Николовски.

Реклама

Николовски вели дека подолг период во Брисел се водат дебати за промена на начинот на одлучување за нови земји членки, но во прв план се уште е евентуална промена на моделот со цел одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.

-Во Европската Унија се водат многу сериозни дебати, околу начинот на примање нови земји членки и една од тие е и Германија, која што поддржува некоја од тие иницијативи, меѓутоа најмногу се однесуваат на квалификуваното мнозинство при одлучувањето за примање на нови членки. (Дали можеби ова е еден вид порака за земјите кои на еден начин сакаат да блокираат други земји за членство?) Може доколку е јавна таа порака и доколку се зборува за неа, изјави Николовски.

Инаку, идејата на германците е со евентуалното арбитражно одлучување, механизам кој веќе бил во напредна фаза, би се избегнало и заглавување во однос на тоа дали ќе се воведе гласање со квалификувано, затоа што земјите не сакаат да изгубат за нив важен инструмент, кој на извесен начин и ги штити. 

Во моментов постои иницијатива со што се предвидува Македонија заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, да стане членка на ЕУ на почетокот од 2027 година, со учество во работата на Советот, комисиите и телата на Унијата, но без право на глас. Со овој модел постојат два задолжителни услови: Усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика, со што Македонија веќе го има исполнето, и владеење на правото.

Матеја Петровски