Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Венко Филипче во ист стил: Повторно погласен од Бугарија за Бугари во Устав, а повторно и со нови навреди за Алфа

Венко Филипче не попушта, повторно реши да биде погласен од Бугарија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче не попушта, повторно реши да биде погласен од Бугарија со барањето за Бугари во Устав. Тоа било поважно од реформите кои Европската Унија ги бара од државата, а кои неговата партија во моментов се обидува да ги блокира како што е случајот со изборниот законик.

-Со внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот се зајакнуваат нашиот национален идентитет, сите идентитетски одредници, бидејќи тогаш е јасна дистинкцијата меѓу македонскиот народ и бугарското малцинство кое живее тука. Ова е последната работа што Мицкоски треба да ја признае, изјави Филипче. 

Во убедувањето за уставни измени, дури реши да глуми и уредник на медиум, па не советуваше што требало да прашуваме, а што не. Филипче повторно на дрзок и некултурен начин реши и да ја етикетира ТВ Алфа. Според него сме го загавуале медиумскиот простор. Нашата телевизија не смеела да го прави тоа што го прави, во крајно недоличен стил порача сопственикот на златна виза за извршен директор во Дубаи.

Реклама

-Алфа телевизија која што сега се обидува да ги префрли фирмите, опремата вработените, преку разни други компании, други ПР агенции како што тоа се прави во целиот регион после падот на Орбан нема право така да го загадува јавниот простор, затоа што вие за тоа користите јавни државни пари на граѓаните. Јас апелирам до вас новинарите, поставете му ги на премиерот, зошто не ги става малцинствата во Уставот, изјави Филипче.

Филипче пред неколку дена најави и дека формирале некаков Фронт за вистина и правда, за кој според неговите зборови имало голем интерес, но не сака да каже кој се дел од него. И за тоа криви му се медиумите.

-Луѓето се исплашени и јас ги разбирам, исплашени се од пропагандата која што ја водат орбановите медиуми, јас ги разбирам луѓето кои што утре не сакаат да се ноаѓаат во ситуација, утре да им доаѓате пред домови и да ги обвинувате дека имале куќи во Нерези, да ги клеветите итн. И затоа јас ги заштитувам сите тие кои што приклучени до сега, јас на себе го преземам теретот кој што секако го носам, да ме оцрнувате, да лажете, да водите црна кампања против мене, изјави Филипче.

Незадоволни бидејќи беше изгласан законот за Влада, со кој техничката Влада се укинува по следните парламентарни избори, СДСМ реши да ја напушти работната група за измени во изборниот законик, еден од оние кои што се дел од реформската агенда и планот за раст, кој треба да и донесе финансиска помош на државата од Европската Унија.

Матеја Петровски