Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и интегритетот на индивидуите, порача денеска од Љубљана, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата со својот домаќин, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Сиљановска-Давкова напомена дека ЕУ персонифицира единство на различности и останува инспиративна филозофија ако си ги почитува вредностите и принципите. 

-Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За мене, интеграцијата на Западен Балкан не е само политичко, туку е и безбедносно прашање. Не е доволна реториката за да бидете отпорни на туѓи влијанија, бидејќи сите знаеме дека не постои политички вакуум кој некој нема да се обиде да го пополни или да влијае на него. ​И уште нешто – Балканот отсекогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери. Ние имаме 100-процентно усогласена политика на надворешна и безбедносна со ЕУ и ние заслужуваме, низ призма на копенхашките критериуми, да покажеме и да докажеме зрелост и заинтересираност за европскиот пат, истакна Сиљановска-Давкова, изразувајќи благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Словенија на евроинтеграцискиот пат.

Реклама

Таа информира и дека со задоволство прифатила да помогне во процесот Брдо-Бриони зашто, како што објасни, самото постоење на овој процес покажува посветеност на Словенија и Хрватска на регионот.  

Осврнувајќи се на вчерашната средба со македонската заедница во Словенија, Сиљановска-Давкова ја посочи Словенија како пример и доказ – дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување.

-Вчера ми стана уште еднаш јасно дека македонската заедница во Словенија има можност да се организира, да ги негува својот јазик, култура и традиција и да биде вклучена во Советот за народностите, што е уште еден доказ за словенечката демократска зрелост и за почитување на културните права. ​Знам дека припадниците на македонската заедница во Словенија имаат и сѐ поактивна општествена и политичка улога. Вчера ги сретнав. Учествуваат во општинските совети, па и во Националното собрание. Ова е уште еден доказ дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување, нагласи македонската претседателка која од словенечката колешка беше пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар.