Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Се повеќе млади со рак на кожа: акции за рано откривање и превенција

Бројот на заболени од рак на кожа расте, а болеста се почесто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на заболени од рак на кожа расте, а болеста се почесто се појавува кај помладата популација.  Причините, според лекарите се прекумерната изложеност на сонце, користењето солариуми и недоволната фотозаштита. Алармираат за почести прегледи и внимателно изложување на сонце.

„Случувања во природа и навики на млади, солариуми и изложеност на сонце, фотопротекцијата треба да започне од нулта возраст. Се поретко граѓаните доаѓаат доцна, со текот на годините се усповременивме, на клиниката имаме најсофистициран апарат за поставување на дијагноза.“ – вели дерматологот Силвија Дума.

Стотици граѓани денеска го посетија Градскиот Парк и ја искористија можноста за бесплатен дерматолошки преглед. Месецот мај е посветен на превенција и рано откривање на кожните карциноми, а по тој повод во центарот на градот граѓаните имаа можност да се едуцираат, да си ја проверат својата кожа и да се запознаат со ризиците од овие болести. Она што е позитивен сигнал е дека свеста кај населението значително се зголемува.

Реклама

„Има, голем број, ме радува тоа што пациентите се освестени, ја постигнуваме целта, да ја подигнеме свеста за раното откривање и детекција на било какви сомнителни промени со посебен акцент на кожните карциноми и секако ги информираме и ги упатуваме во нашите институции за понатамошен третман.“ – вели дерматологот Зорица Зафирович.

„Овој месец мај е во него се случуваат предупредувања за меланом и ова е глобален проект, бројките се се поголеми, секоја година расте бројот на заинтересираност, имавме откриено неколку случаи токму на ваквите акции, последните 20 години доста е крената свеста и луѓето се проверуваат и без некаква причина.“– вели Дума.

На прегледите досега биле прегледани повеќе од сто пациенти, а кај дел од нив биле забележани сомнителни промени кои ќе треба дополнително да се следат и третираат.

„Има и такви кои што прв пат се соочуваат, но има и информирани пациенти. Ние сме тука за нив, да следиме за понатамошен развој и дали се работи за типична или малигна промена.“– вели Зафирович

Кампањата „Еуромеланом“ е дел од европска иницијатива чија цел е промовирање на превенцијата, раното откривање, информирањето и подигнувањето на свеста за опасностите од кожните болести со посебен акцент на малигниот меланом.