Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Социјалните мрежи како поттик за врсничко насилство, психолозите бараат поголема родителска контрола

Социјалните мрежи и виралните видеа се главната причина за зголеменото насилство кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалните мрежи и виралните видеа се главната причина за зголеменото насилство кај младите. Психолозите предупредуваат дека тие се во ранлива возраст и често сакаат да го имитраат она што го гледаат на интернет, а не се доволно свесни за последиците. Апелираат родителите да обратат поголемо внимание што прават нивните деца онлајн.

„Разни насилства се лесно достапни на интернетот. Интернетот ни отворил еден нов свет, можност да дознаеме што се случува во овој момент низ светот, да видиме што таму прават младите и можеби да стане нов тренд за популарност и лајкови, нешто што оваа млада генерација го доживува како многу важно во нивниот живот. Тоа прави да насилството меѓу врсниците биде популарно и масовно“, изјави Мирјана Стојановска, психолог.

Најголема одговорност носат родителите, но и наставниците – и едните и другите треба повеќе да се посветат на воспитувањето на младите, навреме да откријат доколку тие се соочуваат со некој проблем.

Реклама

„Не можност да се разрешат внатрешните конфликти, превривања и дилемите со родителите, пријателите и училиштата, како и барањето на своето место во светот. Причините се секогаш нешто што внатре се случува во младиот човек.  Децата учат по пат на имитација од примерите кои ги даваат возрасните, гледаат што се случува и они го прават истото“.

Отворениот разговор на сите теми треба да биде секојдневие, велат психолозите кои исто така советуваат дека кај децата мора да се постават и некои граници – да бидат свесни за нивните обврски, како и за последиците од нивното однесување.

Бојана Шурлиновска