Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Завршена изградбата на нов тротоар до градските гробишта во Берово

Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата Дамјан Груев со улицата Маршал Тито до влезот на градските гробишта, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на пешаците во овој дел од градот.

Од Општината информираат дека со реализацијата на проектот е обезбедена побезбедна и поуредена пешачка инфраструктура, особено за граѓаните кои секојдневно го користат овој потег.

-Со изградбата на новиот тротоар се овозможува полесно и побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот, а воедно се подобрува и урбаниот изглед на овој дел од Берово- информираа од локалната самоуправа.

Реклама

Инвестицијата е во вредност од 2.888.870 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт.

Од Општина Берово посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.