Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

САД и Кина на историски разговори во Пекинг

Борба за глобална доминација или обид за мир? Големата народна сала во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борба за глобална доминација или обид за мир? Големата народна сала во Пекинг беше местото кадешто зад затворени врати се одржаа двочасовните  историски преговори меѓу САД и Кина предводени од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. Кина ја покрена чувствителната тема за Тајван, нарекувајќи ја „најважното прашање“ кое може да ја обезбеди стабилноста во односите меѓу двете земји. Двајцата лидери успешно го избегнаа прашањето за Тајван. Сепак, според Си Џинпинг, ако не се реши правилно ставот околу Тајван, двете земји можат да се судрат или дури и да дојдат во конфликт, што би ги ставило сите односи во многу опасна ситуација.

Конфликтот на Блискиот Исток и глобалната енергетска криза беа клучна тема на разговор. Трамп и Си се согласиле дека Ормутскиот теснец  „мора да остане отворен за да се обезбеди слободен проток на енергенси“, информираат од Белата куќа.

Според кинескиот претседател, двете најголеми економии мора да направат договор кој ќе функционира и никогаш да не го нарушат. По билатералната средба на двајцата лидери, бил одржанн и спектакуларен банкет во чест на американската делегација и подобрувањето на односите меѓу САД и Кина.

Реклама

„Ние се знаеме долго, ова е најдолгата врска која двете држави ја имаат меѓу двајца претседатели. Затоа ми е чест, кога сме имале несогласување, сме ги надминувале. Луѓето не знаат, но секогаш кога имавме проблеми, ги решававме брзо и ќе имаме фантастична иднина заедно. Имам голема почит кон Кина, работата што ја направивте. На сите им велат дека сте голем лидер. Понекогаш луѓето не сакаат да го зборувам тоа, но го говорам секако затоа што е вистина. Се радувам за трговијата, водењето бизнис заедно. Односите меѓу двете земји ќе бидат подобри од било кога“ – вели Доналд Трамп – претседател на САД.

„Се радувам што ќе соработувам со вас за да го поставиме курсот и да го управуваме џиновскиот брод на кинеско-американските односи, со цел 2026 година да биде историска, пресвртница што отвора ново поглавје во кинеско-американските односи. Се согласив со претседателот Трамп за нова визија за градење конструктивен кинеско-американски однос на стратешка стабилност. Новата визија ќе обезбеди стратешки насоки за билатералните односи во текот на следните три години и понатаму, и треба да биде добредојдена од народите на двете земји, како и од меѓународната заедница“ – вели Си Џинпинг, претседател на Н.Р. КИНА.

Според Белата куќа една од клучните теми бил Иран, при што двете страни се согласиле дека Иран никогаш не треба да поседува нуклеарно  оружје. Исто така било отворено и прашањето за запирање на приливот на суровини за производство на фентанил во САД. Си потенцирал дека американските бизниси имаат огромна улога во отворањето на кинеската економија кон светот. Економските тимови на двете земји имале плодни состаноци со позитивни резултати.

Трговските бариери и пристапот до пазарите со години претставуваат едни од главните точки на несогласување меѓу двете најголеми економии. Американската делегација беше пречекана во Пекинг со највисоки државни почести, а двајцата лидери го посетија и Небесниот храм.