Реклама
Прилози

Странска лекарска комисија: Девет пациенти во земјава имале непотребни операции на срце

Девет пациенти завршиле на операции на срце под сомнителни медицински наоди –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Девет пациенти завршиле на операции на срце под сомнителни медицински наоди – утврди странската лекарска комисија. Од вкупно 13 анализирани случаи, кај овие деветмина биле утврдени сомнежи за неоправдани наоди во дијагностиката и упатувањето кон кардиолошки интервенции. Кај останатите четворица пациенти третманот бил целосно оправдан и изведен според медицинските стандарди. Пациентите кои биле оперирани биле од 46 до 78 години. Случаите кои биле анализирани биле од три здравствени установи, две приватни болници и една државна. Министерот Алиу порача дека наодите се сериозни и не смеат да се прикриваат.

„Документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, на пример несогласување меѓу ангиографски наоди од коронарографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било ендоваскуларните или хируршките процедури“. Во однос на овие случаи, комисијата оценува дека: „Oдредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можно е неповолно влијание врз клиничкиот исход кај нив“ – изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Извештаите ќе ги чешлаат Обвинителството, Антикорупциска, Лекарската комора и здравствените инспекции.

Реклама

“Документите коишто излегуваат од Министерството за здравство или пак од Лекарска комора или од ДСЗИ коишто се еден вид стручен надзор, немаат тежина на вештачење. Тоа е само материјален доказ. ​Вештачењето понатаму му помага на обвинителството да го потврди обвинителниот акт и да почне судењето, или пак да го отфрли. Обвинителството може да поведе постапка и без тоа“, рече д-р Александар Станков, директор на Институт за судска медицина.

Министерството за здравство уште во ноември лани откри дека се проверувале сомнителни случаи поврзани со кардиолошки операции. Од вкупно 25 пријави, дури 19 случаи завршиле на анализа пред специјална интерна комисија. Сомнежот го отвори лани кардиологот д-р Сашко Кадев кој обвини за непотребни операции во приватното здравство. Под лупа биле годините од 2022 до 2025  период во кој се правеле кардиолошки интервенции и на товар на Фондот, но и операции што пациентите ги плаќале од свој џеб.Според надлежните, не се проверувале само државно финансирани зафати, туку и приватни операции за кои граѓаните давале илјадници евра.