Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во општина Валандово ќе ги посети населените места Јосифово и Балинци.
Посетата на Трипуновски е во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.
Кампањата почна на 18 март годинава од општина Босилово, а предвидено е, како што рече тогаш министерот, да бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

-Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. Сакаме да слушнеме забелешка, критика, пофалба. Оваа комуникација е за да бидеме постојано меѓу земјоделците, зашто таму се пробпемите и решенијата, затоа и оваа комуникација е многу важна, изјави Трипуновски.
