Им се обраќаме на СДСM токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа.
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. Пред речиси две години започна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање.

Истите тие, 7 години не знаеја ниту да ги завршат зградите на ФИНКИ и ФФК, иако ги наследија како започнати. Наместо напредок, оставија блокади и застој, па денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да работи на откочување на процесите што тие ги закочија.
Негрижата на претходната власт кон студентите не се гледаше само во нефункционалните студентски домови, се гледаше и во целокупниот однос кон студентскиот стандард.
Студентите во време на СДСM се соочуваа со лоши услови, недоволна поддршка и неизвесност, и наместо да инвестираат во младите, во образованието, сведочевме на години на застој, неодговорност и игнорирање на проблемите на студентите.
Студентите не треба да се грижат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заврши и овие проекти, исто како што ги обновува студентските домови низ државата.
Потсетуваме дека над 50.000 студенти добија ваучери од 250 евра, се прошири опфатот на студентскиот оброк, а стипендиите се зголемени. Започнат е и процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, со цел модернизација на високото образование.
Во текот на овој мандат ќе бидат реконструирани вкупно 9 студентски домови низ државата.
Ќе се реализира реконструкцијата на зградите на ФИНКИ и ФФК.
Комплетната реконструкција на спортската сала во кругот на УКИМ веќе е започната.
Реконструирано е повеќенаменско игралиште во рамки на студентскиот дом Гоце Делчев, а наскоро ќе биде поставена и фитнес зона во рамките на еден од студентските домови во Скопје.
Младите ќе добијат нови студентски домови, современи факултетски објекти и подобри услови за образование и развој.
ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите и продолжува со конкретни политики и проекти што носат реални резултати.
