Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Интензивно се гради новиот резервоар за вода во Ростуше 

Според планираната  динамика се одвиваат  градежните активности за изградба на новиот резервоар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според планираната  динамика се одвиваат  градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода, наменет за потребите на жителите од село Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше. 
 
Овој инфраструктурен проект е од витално значење за обезбедување стабилно, квалитетно и долгорочно водоснабдување за локалното население. 
 
Увид во работите изврши градоначалникот Онер Јакупоски, кој изрази задоволство од текот и квалитетот на работите, нагласувајќи дека како локална власт се максимално фокусирани на реализација на ветените проекти. 


-Интензивно се работи на сите капитални проекти кои ги започнавме во нашата општина.  Новиот резервоар во Ростуше е приоритет со кој директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните. Наша цел е модерна и функционална инфраструктура во секое населено место, изјави Јакупоски. 
 
Овој проект е дел од поширокиот план за капитални инвестиции на Општината, со кои се решаваат децениски проблеми и се создаваат услови за одржлив развој на целиот регион. Се реализира со средства добиени во рамки на вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит.  
 
Тогаш оваа општина доби четири проекти во вредност од 58.920.834 денари, од кои Владата финансира средства во висина од 41.861.205 денари а општина Маврово и Ростуше ќе кофинансира средства во висина од 17.059.629 денари.