Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Д-р Агуши: Поддржувајќи го процесот на трансплантација, пренесуваме порака до сите дека ова е највисок морален чин

Во рамките на националната кампања, што се реализира со мотото „Органодарителството ѝ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на националната кампања, што се реализира со мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи.

– Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес не поради фактот што има потреба здравствениот систем, туку пораката е да ја поддржиме трансплантацијата бидејќи на тој начин се поддржуваме самите себе, на тој начин им помагаме на луѓето од сите категории, особено на луѓето што имаат животна потреба од органи, кои во многу случаи, во многу ситуации, немаат можност да имаат нормално функционирање во текот на нивниот секојдневен живот. Мојата порака е дека со подигнување на свесноста да поддржиме процес кој има повеќегодишна историја, особено во нашата земја во последните години, има голем одек и на тој начин ние го имаме одржано целиот овој процес – посочува д-р Агуши во видеообраќањето.

Тој потенцира дека трансплантацијата не е само медицински чин, туку во исто време е и повисок благороден чин. Со поддршка на овој процес се овозможува живот на лицата што немаат друг излез.

Реклама

– Апелираме за поддршка од сите општествени сфери, бараме повисока свест, бидејќи како држава, како здравствен систем, имаме направено многу овој процес успешно да се реализира. Значи, да си помогнеме со поддржување на овој процес, со кој им помагаме на луѓето што имаат потреба за подолг живот – потенцира д-р Агуши.