Реклама
Македонија

Општина Тетово ги сподели искуствата од проектот за дигитални решенија 

Преку Форум и завршната конференција на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку Форум и завршната конференција на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово“ тетовската локална власт ги сподели искуствата со другите општини во понудата на дигитални услуги за граѓаните.  Во рамките на настанот, беа презентирани резултатите од проектот и иновативните дигитални општински решенија, а се одржа и панел дискусија за дигиталната трансформација на локалните јавни услуги.

-Денес сум посебно среќен што Тетово е центар на овој голем собир каде имаме претставници од меѓународниот фактор на чело со амбасадорот на Европската Унија, министри, заменик премиер, други градоначалници. На овој завршен настан ќе го пренесеме искуството како се дигитализираат услугите, како што имаме во Тетово можности околу за јавниот транспорт, плаќање паркинг, плаќање на даноци други услуги, рече градоначалникот на oпштина Тетово, Биљал Касами

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека ваков општински проект има потенцијал да прерасне и во повеќе општински или државен проект. Тој посочи дека дигиталните услуги овозможуваат економски развој, напредок и инвестиции во општините. 

Реклама

-Знаеме дека често зборуваме за националниот портал за услуги за платформата за интероперабилност, но ако ги немате дигитализирано внатрешните системи, тогаш не можете истите да ги пласирате како услуга кон граѓаните.  Општина Тетово добро го заврши овој проект. Сега многу полесно да се реплицира ова позитивно искуство и во други општини, а истовремено да ги мотивирам и од останатите општини кои што немаат пристап до вакви системи да се приклучат на националната платформа за интероперабилност, да го користат националниот портал за услуги, затоа што само во една ваква симбиоза можеме да зборуваме за доближување на локалната власт до граѓаните,  рече Андоновски. 

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека дигиталните услугу кои ги нуди Тетово се дел од проектот „ЕУ за општините“ (EU4M).  

-Го сметаме за многу успешен и трансформативен проект кој ќе влијае и ќе го подобри секојдневниот живот на граѓаните, но и на инвеститорите кои сакаат да дојдат и да инвестираат во Тетово. Но покрај тоа, ја подготвува општината и земјата за пристапување во ЕУ, бидејќи дигитализацијата е клучна за Планот за раст и Реформската агенда, и ја подготвува земјата да ги одржи конкурентските сили на внатрешниот пазар на ЕУ, рече Рокас. 

Министерот за европски прашања Беким Сали посочи во изјавата за медиумите дека како Министерство ги поддржуваат сите општини и сите политики коишто се движат во насока на дигитализација и иновации.