Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Дијалог со младите: Средношколци ги отворија клучните прашања пред пратениците

Во организација на собранискиот Клуб на младински прашања и политики денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на собранискиот Клуб на младински прашања и политики денеска во Парламентот се одржа средба меѓу пратеници и ученици од средните училишта, учесници во програмата „Најгласни“, која ја имплементираат Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД).

Како што соопшти собраниската прес-служба, настанот беше посветен на унапредување на дијалогот меѓу младите и носителите на одлуки, со цел младинските ставови, идеи и предизвици директно да бидат слушнати во законодавниот дом.

-На присутните им се обратија Даниел Браун од германската фондација „Конрад Аденауер“ и пратеничката Драгана Бојковска, претседателка на Клубот на младински прашања и политики, кои ја истакнаа важноста од активно учество на младите во креирањето политики и процесите на донесување одлуки. Беше нагласено дека младите претставуваат важен двигател на општествениот развој и дека институциите треба континуирано да создаваат простор за нивно вклучување, размена на идеи и иницијативи кои придонесуваат за подобрување на условите за живот и образование, се наведува во соопштението. 

Реклама

Учениците имаа можност отворено да разговараат со пратениците и да поставуваат прашања за теми што директно ги засегаат младите. Во фокусот на дискусијата беа подобрувањето на условите во образованието, унапредувањето на средношколскиот стандард, состојбите во студентските домови, менталното здравје кај младите, како и потребата од создавање подобри перспективи за задржување на младите во државата.

-Во текот на средбата беше потенцирана и важноста од градење системски решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат младите, преку заедничка соработка меѓу институциите, образовните установи, граѓанскиот сектор и самите млади. Средбата помина во конструктивна и интерактивна атмосфера, со активна вклученост на учениците, кои преку свои предлози и размислувања придонесоа кон отворање значајни прашања поврзани со младинските политики и иднината на младите во земјата, информира собраниската прес-служба.