Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Економија

Македонско – албански бизнис форум: Бизнисмените на средби, како да се постигне милијарда евра трговска размена

Моменталната трговска размена меѓу Македонија и Албанија изнесува само 270 милиони долари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Моменталната трговска размена меѓу Македонија и Албанија изнесува само 270 милиони долари, но според бизнис секторот, таа мора да достигне до една милијарда во следните неколку години. Како поддршка за исполнување на целта, Македонската Влада активно вложува во изградба на коридорот 8 кој треба да го поврзе пристаништето во Драч со Македонија и потоа по коридорот 10 да се пренесува оваа стока низ Европа.

„Во моментов во активна градба или во завршување само во делот на автопати и експресни патишта на коридорот 8 имаме инвестиција од 2 милијарди и 100 милиони евра. На тоа ја надодаваме железницата, таму постигнавме договор со Бугарија, таму имаме исто така огромни инвестиции и ако на тоа се додаде Кичево – Охрид – Струга – граница со Албанија, тоа ќе биде комплетно нова линија во вредност од две милијарди евра, мислам дека е многу лесно да пресметаме дека некаде над 3 милијарди евра во железница ќе се инвестира во следниве 5 до 6 години само на коридорот осум, ако ги осберете двете суми заедно доаѓаме во вредност од 5,5 до 6 милијарди евра инвестиција само на коридорот осум“, изјави Николоски.

Воедно, Вицепремиерот Александар Николоски смета дека трговската размена мора да се зголеми преку користење на блискоста меѓу двата народа.

Реклама

„Имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, ние не само што сме соседни држави туку значаен дел од населението во македонија е од албанска националност и тоа дополнително треба да ги поврзува двете држави, тогаш овие бројки се секако незадоволителни и треба да се многу, многу поивоски, додаде Николоски.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика бизнисмените сериозно да ја сфатат работата и отворено да зборуваат за проблемите и за можните решенија со цел зголемување на Инвестициите, поврзаноста и туризмот.

„Дајте да се обединиме, да ги заѕтвориме дупките да го легализираме прометот и да ги направиме Македонија и Албанија една држава и еден ентитет кој што ќе го дигне прометот од 207 на милијарда евра, изјави Азески.

На форумот бизнисмените ќе дадат идеи и ќе разговараат за потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари.