Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Одбележување на Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри во Тетово

Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „За Нас“, ќе ја одбележи Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри со свечена академија во Домот на културата во Тетово, со почеток во 16 часот.

Како што соопштуваат организаторите, половина час претходно, во 15:30 часот, ќе се одржи и прес-конференција, на која изјави за медиумите ќе дадат претставници на Сојузот и организаторите, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу и еминентни имиња од областа на здравството.

Годинашното одбележување се реализира под мотото на Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN):„Нашите медицински сестри. Нашата иднина. Овластените медицински сестри спасуваат животи“.

Реклама

Свечената академија ќе биде посветена на темата „Силата на единството – Македонските сестри поврзани со светот“, со цел да се истакне значењето на сестринството како клучен столб на здравствениот систем и улогата на медицинските сестри во унапредувањето на здравствената заштита и јавното здравје.