Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Почнува да се изработува Стратегија за справување со бездомните животни

Единаесетте општини од Источниот плански регион (ИПР) денеска во Штип се на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единаесетте општини од Источниот плански регион (ИПР) денеска во Штип се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарството(АХВ), Ветеринарниот факултети, како и од Ветеринарната комора и граѓански организации, со цел да се направи Стратегија за справување со бездомните животни.

Осумте плански региони во државата ќе направат посебни стратегии, од кои потоа ќе се изготви Националната стратегија за справување со бездомните животни, најави денеска Тања Ристевска-Оловска раководител на Секторот за инспекциски надзор во АХВ. Таа вели дека прво ќе се прави анализа и мапирање на состојбата на терен, по што ќе се изработат насоки и мерки за секој регион поединечно. 

– Вклучувањето на овие инстиуции е неопходно за да се реши проблемот и конечно имаме пристап, во кој што на почетокот оваа работна група ќе направи мапирање или поточно анализа. Ние одиме по терен, денеска сме во Источниот Регион, од кој што присутните и локалната самоуправа ќе добијат насоки како да ги изработат овие податоци, врз кои ќе се направи детална анализа, како и Стратегија за тој регион, затоа што секој регион си е посебен. Во сите региони можам да кажам дека е еден генерален проблем-неодговрното сопствеништво, за жал свеста кај сопствениците кои чуваат миленици е многу ниска и секојдневно се соочуваме со напуштање на миленици, најмалу по десет кучиња дневно – вели Ристевска-Оловска.

Реклама

Професорот на Факултетот за ветеринарна медицина, Влатко Илиевски додава дека новиот Закон предвидува драконски казни за напуштање миленции, мачење и сл. Според него, важно е да се смени најпрво перцепцијата во нашето општество. 

– Во оваа нова стратегија се обидуваме да применеме нови идникатори, со кои што ќе го следиме овој проблем. Перцепцијата е од аспект да ние ги следиме изворите на нови кучиња, заради тоа што цело време зборуваме за безбедна популација, а воопшто не обрнуваме внимание на вкупната популација во државата, особено во општините. Во новата стратегија ќе се обидиме да покажеме некакви мерливи индикатори, кои што во континуитет мора да си следиме, за да знаеме како популацијата на кучиња се развива во Македонија – рече Илевски. 

Тој посочи дека од 2018 година се врши микрочипирање и тоа чипирање треба да биде јавно за сите релевантни институции, а општините да знаат колкав број на бездомни кучиња имаат и во кој правец се развива таа бројка. Илиевски забележа дека општините, но и регионот доколку сакаат да прават стационар за бездомните кучиња, мора да ги знаат бројките на кастрирани и нестерилизирани кучиња и колкава е нивната фреквенција, за да знаат колку во наредниот период ќе се појави нови бездомни животни. 

– Потоа треба да имаме и посебна Стратегија за руралната популација и руралните средини исто така имаат кучиња кои што воопшто не се под ветеринарен надзор и тоа мора да го ставиме како посебна алатка во целиот систем. Нашата култура на живеење е дека знаеме оти секоја рурална средина има кучиња на фарма или било кој друг објект на село мора да има кучиња. Но тие мора да бидат под надзор и да знаеме како се размножуваат, како нивниот број се движи за да може да спречиме нови појавувања на кучиња на улица – вели Илиевски. 

Директорот на Центарот за развој на ИПР Трајче Здравков изјави дека локацијата за изградба на регионален стационар ќе се знае по изработката на физибилити студија и техничката документација. Врз основа на овие документи ќе се знае каде ќе се гради и колкав капацитет ќе има. 

– По обезбедување на средствата за изработка на оваа техничка документација, ќе знаеме понатаму во текот на настаните каде ќе биде локацијата. Процентата вредност на концептот за физбилити студиите и техничка документација е пет милиони денари. Се надевам, во текот на овие месеци ќе добидеме извор на финансирање, за до крајот на годината добиеме договр за оператор кој што ќе почне да работи на документацијата – рече Здравков.

Единасет градоначалници од Брегалничкиот регион имаат донесено едногласна одлука за решавање на овој проблем со изградба на регионален стационар за бездомни кучиња.