Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Стерјовски и Нордгнер разговарале за положбата на македонското малцинство во Албанија

Претседателот на македонското друштво „Сонце”, Васил Стерјовски, кој учествуваше на Генералното собрание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво „Сонце”, Васил Стерјовски, кој учествуваше на Генералното собрание на Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД) во Стокхолм, Шведска, остварил средба со претседателката на НПЛД, Ана Јунгнер Нордгнер. 
 
– Секогаш претставува особено задоволство средбата со претседателката Нордгнер, со која разговаравме за актуелната состојба на македонската заедница во Албанија, како и за предизвиците и можностите за понатамошна поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет, информираше Стерјовски. 
 
Нордгнер изјавила дека со големо нетрпение го очекува Генералното собрание на НПЛД следната година, кое ќе се организира во соработка со Македонското друштво „Сонце“ и ќе се одржи во Албанија. 
 
– Посебен фокус на овој значаен меѓународен настан ќе биде ставен на македонската заедница во Албанија, нејзиниот придонес кон зачувувањето на лингвистичката и културната разновидност, како и на напорите за унапредување на правата на Македонците во земјата, нагласи тој. 
 
Ова, додава Стерјовски, претставува големо признание за македонската заедница во Албанија и уште една потврда дека нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет добива сè поголема меѓународна поддршка. 


 
Пред делегатите на Генералното собрание предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, го презентирал Стерјовски и бил едногласно прифатен.  
 
Македонското друштво „Сонце“ во 2024 година стана членка на оваа престижна меѓународна мрежа, со седиште во Брисел, во која членуваат автономни региони, универзитети и организации на малцинствата од цела Европа. За краток период успеавме да станеме доверлив и почитуван партнер во ова европско семејство.