Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел-горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток.

– Следиме сè што се случува. Нашите мерки моментно се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и, ако е потребно, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот. Правиме сè што е во интерес на нашите граѓани – рече Божиновска во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Таа нагласи дека земјата е трета според мерките што ги презема за цените на нафтените деривати и потенцира дека имаме најниски цени во регионот.

Реклама

Како што посочи, ниедна компанија, која правела реекспорт на нафтени деривати од земјава, се нема обратено во Министерството за енергетика.

– Државниот пазарен испекторат и Царинската управа веќе проверуваат дали е правен реекспорт на деривати – рече Божиновска.

Во одговор на прашање порача дека е за преоценување на тарифните блокови во смектите за потрошена електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар доколку тоа е во интерес на граѓаните и значи намалување на крајната сметка што ја плаќаат.

– Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вчера тоа го најави, а јас го поздравувам ако е за доброто на граѓаните и ако се намалат нивните сметки. Би сакале и ние да ги видиме пресметките, меѓутоа тоа е нивна дејност, а ние само би можеле да кажеме дека сме „за“ во случај крајната цел да е намалување на сметките на граѓаните – потенцира министерката Божиновска.