Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска додели признанија на победниците на националниот натпревар за зелени иновации

Со порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и поддршка на младите, денеска во Кавадарци се одржа финалето на Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска присуствуваше на финалниот настан и ги доделила признанијата и наградите на најуспешните средношколски тимови, кои преку своите идеи понудиле конкретни решенија за одржлива иднина, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларна економија.

Годинава, на натпреварот учествувале 42 средношколски тимови од целата држава со свои иновативни зелени концепти, а најдобрите осум обезбедиле пласман во денешното финале во Кавадарци.

Реклама

Првото место го освоил тимот GrowHub од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, второто место му припаднало на тимот Pepper Waste од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, додека третото место го поделиле тимовите Eco Charge Bike од СУГСГ „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и Malesh Air од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово.

Во своето обраќање, министерката Божиновска порачала дека поддршката на младите не смее да биде само декларативна, туку реална и континуирана политика на државата.

-Овие млади луѓе покажуваат дека Македонија има знаење, креативност и потенцијал за современ развој. Нашата обврска како институции е да создадеме услови тие идеи да прераснат во реални можности, а младите својата иднина да ја гледаат тука – дома. Инвестицијата во младите, во нивните идеи и иновации, е инвестиција во иднината на државата – истакнала Божиновска.

Таа нагласила дека зелената транзиција не е повеќе прашање на избор, туку неопходност, а младите се клучниот двигател на таа промена.

Натпреварот, кој веќе 18 години претставува една од најзначајните платформи за младинско претприемништво и зелени иновации во државата, е организиран од Центарот за зелени иновации при Машинскиот факултет – Скопје, во соработка со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Со своето покровителство и поддршка, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува јасно да ја поставува својата стратешка определба – поддршка на младите, инвестиција во знаење и создавање услови Македонија да стане земја во која иновациите се развиваат, а младите остануваат и создаваат.