Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„Треба да сонуваме дома и да градиме иднина дома “- порака на премиерот Мицкоски до младите

Нова стратегија за демографска отпорност 2026–2046, чиј фокус се младите, семејствата, пазарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова стратегија за демографска отпорност 2026–2046, чиј фокус се младите, семејствата, пазарот на труд и квалитетот на животот. Претседателот на Владата Христијан Мцкоски порача дека со оваа стратегија целта е да се превенира иселувањето на младите, а  суштината на демографските политики не е само во бројките, туку во довербата што граѓаните ја имаат во институциите и можноста тука да создадат семејство, кариера и сигурна иднина.

„Прво мора силно да инвестираме во човечкиот капитал, без квалитетно образование, достапно здравство, нема економија што може да биде конкурентна. Второ мора да ги зајакнеме семејствата и младите, тие не смеат да ја доживуваат државата како место кои мораат да заминат. Трето мора да создадеме вистински инклузивни општества, ниедна категорија да не остане на маргините, сите да бидат вклучени во економски и јавен живот.“– вели претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.

Во таа насока, министерот Муцунски оценува дека иселувањето и одливот на млади влијаат врз економскиот развој и меѓународната позиција на државата. Тој нагласи дека вклучувањето на дијаспората има клучно значење за идниот развој.

Реклама

„Нашата дијаспора претставува огромен потенцијал и природен мост меѓу државите во светот поврзувајќи ги луѓето, економиите, знаењето и новите можности. Затоа преку новата стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030 година сакаме да изградиме посилни и подинамични врски и да излеземе од рамките на традиционалните дознаки кон долгорочни инвестициски и развојни партнерства.“– вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Од меѓународната заедница порачаа дека демографските предизвици треба да се решаваат преку регионална соработка и заеднички политики, што ќе создадат можности за младите генерации.

„Потребно е да се финансираат суштински услуги како образование, здравството и социјалната заштита каде што ќе има партиципивна акција со кој што ќе се намали ранливоста и ќе се надминат нееднаквостите и ќе се намали социјалното исклучување.“- вели Пио Смит од УНФПА.

На дводневната конференција во Скопје учествуваат министри, претставници на меѓународни организации и експерти од регионот, а фокусот е ставен на креирање политики за демографска отпорност и задржување на младите дома.