Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ – истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-македонскиот самит во Скопје.

Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, испразнетата и ограбена државна каса, која е резултат на некои минати времиња.

– Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ и добро би било за сè да сме вака во Европа како што сме во мерките, тогаш ние би биле во многу поинаква состојба отколку што сме, но, за жал, не сме. Но ние како Влада правиме многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид испразнетата и ограбена државна каса, која е резултат на некои минати времиња – истакна Мицкоски.

Реклама

Македонскиот премиер потсети дека инфлацијата во земјата е во рамките на владините очекувања и идентична со државите во регионот.

– Моите очекувања се како што се резултатите во регионот. Бугарија има инфлација од над 6 проценти, еврозоната е над 3 проценти, Хрватска е околу 6 проценти, слично е во Грција, и во рамките од тие 5-6 проценти очекувам да биде годишната инфлација. Минатата година во април имавме велигденска кошничка, основата со која се споредува е таква, но она што е важно е дека основните прехранбени производи на месечната стапка на промена е помала од вкупната инфлација, а најголемите отстапувања се во делот на транспортните услуги, особено билетите за нискобуџетските авиокомпании, очекувам со намалување на цената на нафтата и нафтените деривати и тој дел од пазарот да се смири – нагласи Мицкоски.

Според премиерот Христијан Мицкоски, денешниот самит е додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис-заедница и, како што рече, Германија за нас не е само бизнис-партнер, таа е стратешки партнер. 

– Ние сакаме да се профилираме како Влада која секогаш е во насока на поддршка на бизнисот и на додадената вредност и тие резултати се гледаат многу јасно во првиот квартал од оваа година, нешто што за нас претставува исклучително и значајно во услови на светски предизвици. Во услови на геополитички предизвици ние успеваме три и пол пати побргу да растеме во делот на извозот отколку во увозот и на тој начин минусот на трговската сметка извоз-увоз, генерално во првиот квартал, споредена со првиот квартал од минатата година, е намален за 55-56 милиони евра, со исклучително поволен месец март, а тоа е потврда на политиките што ги водиме и тоа во услови на најголемата енергетска криза што во последните 50 години го зафати човештвото. Цениме дека Германија за нас не е само бизнис-партнер, таа е стратешки партнер. Германските компании вработуваат илјадници македонски граѓани, тие се солидна поддршка за нашата домашна македонска економија и ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме во таа насока за да имаме уште поголема билатерална економска соработка, која во првиот квартал расте, расте извозот од нашата земја кон Германија и тоа нè прави горди – истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Видеото погледнете го на следниот линк: