Реклама

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Економија

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем

Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика. Во време кога секој мегават-час…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика. Во време кога секој мегават-час е важен, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем, кој ни ја носи потребната флексибилност. Тој им овозможува на нашите компании да реагираат во реално време – да ги коригираат своите енергетски потреби на само неколку часа пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланси и поефикасно да управуваат со своето производство и потрошувачка, што значи помали трошоци за нив, а поголема стабилност за мрежата. Ова е особено важно и за нашата енергетска транзиција. Со него вратите за обновливите извори на енергија се ширум отворени. Македонија има сонце, но сончевата енергија и ветерот се непредвидливи. Со Intraday-механизмот таа непредвидливост повеќе не е пазарен ризик, туку развојна шанса – рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Во обраќањето пред официјалниот почеток на Пазарот во тековниот ден, Божиновска истакна дека ова не е крајната дестинација, туку само почетна станица за македонското целосно интегрирање во европското енергетско семејство. Во следниот период, најави, продолжува натамошното развивање на пазарните механизми, продлабочувањето на регионалната соработка и приклучувањето кон процесите на спојување на пазарите во Европа.

– Пазарот во тековниот ден е нова фаза во развојот на нашиот електроенергетскиот систем и клучен чекор кон целосна либерализација и модернизација на пазарот на електрична енергија. Мора да признаеме дека овој процес, во одредени периоди, беше сериозно закочен од институционална инертност и недостиг на стратешки фокус. Со јасна политичка волја и со максимална посветеност го откочивме процесот, ја засиливме координацијата помеѓу институциите и заедно со МЕМО и сите вклучени партнери успеавме да го воспоставиме овој механизам, кој е од витално значење за државата – нагласи министерката.

Реклама

Според неа, од утре фокусот се префрла на целосно пазарно поврзување (Market Coupling) со нашите соседи.

– Тоа ќе донесе поголема ликвидност и ценовна стабилност. Со ова истовремено ќе ги заштитиме нашите компании од дополнителните трошоци од ЕУ-механизмот за гранично приспособување на јаглеродот (CBAM), што значи заштеда на милиони евра за извозно ориентираните фирми. Паралелно, ќе работиме на зајакнување на институциите и на создавање услови за уште поголемо учество на приватниот сектор – истакна Божиновска дополнувајќи дека Министерството за енергетика останува посветено на развој на конкурентен и транспарентен пазар, на инвестиции во енергетската инфраструктура, на поддршка на зелената транзиција и обезбедување регулаторна стабилност и предвидливост за инвеститорите.

Пред присутните се обратија ипремиерот Христијан Мицкоски, генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во Енергетската заедница.