Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ѓорѓиевски го заврши она што Шилегов и Арсовска тврдеа дека не може: мостот во Аеродром за 2 месеци ќе биде отворен

Мостот за „ловење риба“, а го носи името „ Генерал Михајло Апостолски“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мостот за „ловење риба“, а го носи името „ Генерал Михајло Апостолски“, што не завршуваше никаде, конечно ќе ја добие вистинскарта смисла и функција, да ги поврзе Аеродром и Гази баба. Мостот што донекаде изграден, со години не им служеше на граѓаните, оваа година ќе биде пуштен.

Моментално се наоѓаме на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, мошт што која што треба да претставува директна врска и треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба. Со неговото ставање во функција надлежните очекуваат дека конечно ќе се овозможи непречен сообраќај низ овој дел од градот.

Минатата власт никогаш не ги реши имотно-правните односи, што беа пречка да биде пуштен во употреба. Актуелниот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски сега објави дека експропријацијата е конечно завршена. Според Ѓорѓиевски, за два месеци мостот ќе биде ставен во функција.

Реклама

Зад мене се наоѓаат дел од објектите кои што со години го кочеа целосното поврзување на мостот. Според најавите на надлежните проблемот е конечно решен. Граѓаните се очекува да се иселат во најкус можен период и да се започне со расчистување на просторот.

Тука, искрено и од срце, сакам да им се заблагодарам на овие домаќини, културни и чесни луѓе, со кои пуштивме рака за овој проблем да стане решение. Благодарам за домаќинскиот пристап, за разбирањето и за кафето што го испивме заедно.“ – вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Граѓаните велат дека и за нив придобивките од овој мост ќе бидат огромни. Тие посакуваат што поскоро да се отвори бидејќи со него ќе скратат многу време, а воедно ќе се растеретат други булевари од сообраќајниот метеж.

„Дајбоже што поскоро да се пушти, затоа што не спојува со Автокоманда, за Бутел одење преку Автокоманда, мислам подобро нешто не може да биде. “– велат граѓаните.

Мостот почна да се гради уште во 2020 година од тогашната власт под водство на Петре Шилегов, но не беше ставен во функција поради нерешени имотно правни односи. Според тогашниот план најпрво се реконструираше булеварот „АСНОМ“, а потоа преку мостот требаше да се поврзе со населбата Ќерамидница.