Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Mалолетничките кои се изживуваа врз 13 годишното девојче на обвинителна клупа-Им се заканува казна до пет години поправен дом

Ќе им се суди на четирите малолетнички кои се изживуваа и брутално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе им се суди на четирите малолетнички кои се изживуваа и брутално го малтретираа 13 годишното девојче кај вовчето во скопската населба Ѓорче Петров. МВР им поднесе кривични пријави за основано сомнение дека сториле насилство, а од Обвинителство информираат дека јавен обвнител веќе постапува по пријавите.

Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство кон друго 13-годишно девојче и за нив постапката се води согласно Законот за правда за децата. Имајќи ги предвид сите околности, тежината и начинот на сторување на делото, јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерки на претпазливост за малолетничките, информираат од Јавното обвинителство.

Нема да им се суди само на малолетните насилнички. Паралелно, во врска со грозоморното однесувње на девојчињата, до обвинителството доставени се и шест кривични пријави за „запуштање и малтретирање дете“ против нивните родители. Тие се осомничени дека ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, што довело до насилството.

Реклама

Случајот ја вознемири силно јавноста откако излегоа информации дека малолетничките во два наврата физички го нападнале девојче, притоа снимајќи го насилството. Според информациите, насилството се случувало на клупа, каде девојчето било опкружено од група врснички кои ја кубеле за коса, и викале и ја туркале, додека други деца од страна се смееле и поттикнувале.

Дел од медиумите објавуваат дека ги поседуваат снимките од насиството но поради повторна виктимизација на жртвата не ги објавуваат. Како што пишуваат, девојчето е турнато на земја, по што следуваат клоци и удари, додека присутните продолжуваат да снимаат и да се смеат.

На друга снимка, пак, едно од девојчињата и удира силен бокс во пределот на лицето.  Исто така, постоела и фотографија на која две од насилничките прават „селфи“ со девојчето додека тоа крвари од носот и устата. Исто така беше објавено дека освен што добила ќотек, 13 годишното девојче било принудено да јаде измет од куче.

Случајот повторно ја отвори болната тема за врсничкото насилство, кое се почесто прераснува во јавно понижување, снимено, споделено и охрабрувано. Експертите предупредуваат дека токму ова го прави насилството поопасно, бидејќи не завршува со нападот, туку продолжува онлајн, каде жртвата повторно се изложува пред публика.