Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мицкоски: Инфлацијата ќе расте во април, цените на прехранбените производи стабилни

Македонија неминовно ќе има повисока инфлација во април. Тоа е неизбежно, поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија неминовно ќе има повисока инфлација во април. Тоа е неизбежно, поради глобалните случувања. Премиерот вели дека и земјите во регионот имаат раст на трошоците за живот помеѓу 4,5 и 6%. Дополнително лани во април функционираше и т.н. велигденска кошничка, што ги држеше цените на солидно ниво. Мицкоски е задоволен што месечната инфлација на најосновните прехранбени производи за еден месец не надминала 1 процент, што според него, е доказ за успешната работа на Државниот пазарен инспекторат кој врши ригорозни контроли.

„Ги следам трендовите во Европа, гледам има голем раст на инфлацијата во април во еврозоната, очекувам тоа да се случи и кај нас од проста причина што во април минатата година се уште имавме велигденска кошничка. Следам кај нашиот источен сосед инфлацијата е над шест проценти, Хрватска е некаде меѓу 5,5 и шест проценти, кај јужниот сосед е околу 4,5 до пет проценти, така што очекувам во тие рамки да биде и кај нас, но важно е да се види како ќе се движи месечната инфлација за основните прехранбени производи споредено со март. Она што го правиме со ДПИ, не очекувам таа да биде поголема од еден процент, месечната во однос на март. Добро е работите побрзо да се стабилизираат, да заврши конфликтот во Иран, да се отвори Теснецот, за да можеме и во рамките на глобалните случувања да имаме поголема предвидливост“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Мерките и поволните кредити за помош на бизнисот даваат резултати. Мицкоски вели дека за една година биле креирани над 15 илјади нови работни места. Тоа според него е поради зголемените инвестиции на компаниите, кои пак ја развиваат економијата. Растот на номиналниот БДП кој годинава изнесува вкупно 22 милијарди долари бил за три пати повисок од оној во времето на претходната влада, вели премиерот. Тоа пак придонело за пад на невработеноста.  

Реклама

„Во моментов околу 710.000 има вработени и под 90.000 невработени кои се пријавени. Ако во овие под 90.000 невработени има околу 30.000 земјоделци, невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65 години, ќе дојдеме до бројка од повеќе од 35-40.000 невработени што претставува под 5 проценти од работоспособното население. Ова е историски најниско ниво“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот признава дека мерките кои Владата ги спроведува во последниве два месеци за задржување на животниот стандард на населението вршат притисок врз буџетот. Сепак, намалените акцизи и ДДВ придонесоа за Македонија да има најевтини горива на Балканот. Мицкоски вели дека состојбата се следи внимателно и покрај разочарувачките информации за уништување на танкери и рафинерии на Блискиот Исток, кои повторно ја дигнаа цената на нафтата нагоре на светските берзи.