Реклама
Прилози

Трибина во владата: Гоце Делчев е вграден во темелите на македонскиот идентитет

Гоце Делчев е вграден во темелите и во столбовите на македонскиот идентитет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гоце Делчев е вграден во темелите и во столбовите на македонскиот идентитет. Ова го порачаа учесниците на денешната трибина во владата, во чест на македонскиот револуционер и деец. Неговата идеологија се применува и во денешните политики во секој владин ресор. Според Министерот Тимчо Муцунски токму македонската надворешна политика се базира на демократија и меѓусебно почитување, а не на конфликти.

Заедничка историја во политички контекст, ние како регион споделуваме заедничка историја но каде е клучна разлика, имаме различна меморија и различни гледишта за тоа што се случувало, ние треба да го почитуваме правото за другите што го гледаат. Во врска за толкување лежи кај историчарите и творат и создаваат книги и дебатата за историјата треба да ја оставиме на историчарите а треба да ги браниме корените на идентитетот јазикот и почитта. Историската комисија работи, политичарите не треба да се мешаат, а политиката да има доверба во историската комисија при создавањето на било какви заклучоци.“- вели министерот за надворешна политика, Тимчо Муцунски.

Важноста од познавањето на македонската историја ја истакна и министерката за образование и наука. Од неа можеме да научиме за доброто и лошото, да не ги повторуваме истите грешки, а најважното, се учи љубовта кон сопствената татковина, порача министерката Весна Јаневска.

Реклама

Алудирам на една изјава, која дојде пред некој ден од професор што спомна дека Гоце Делчев е мит. Гоце Делчев не е мит, постојат историски докази за неговото дело, за неговата цел – автономна Македонија. Оттука, за да можеме да се браниме од надворешните влијанија, ние мораме да сме монолитни внатре. Се надевам дека многу бргу ќе дојде времето кога ќе сфатиме дека не смееме да си ги поткопуваме темелите. Може да се разликуваме во многу работи, но никако не смееме да се разликуваме во чувањето на нашиот национален идентитет.“- вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Со цел да го зацврстиме нашиот идентитет, министерот за култура вели дека се почесто се организираат манифестации како во Македонија така и во соседните држави.

„Таков е ликот и делото, на пример, на Гоце Делчев, а тој е човекот што постојано му пркоси на времето. Во таа смисла има една безвременска девиза, која многу често ја користиме, но не треба само да ја следиме, мислам дека треба да ја разбереме. Јас го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите. И тоа за мене значи нешто, но за сите народи треба да значи дека не се таргетираат одредени луѓе, туку се таргетира светот. Дека ние треба, од културен аспект, да се натпреваруваме како цивилизации, дека треба да се третираме преку сопствената култура, сопствената традиција, сопствените обичаи и како такви ние треба да му се предложиме на светот.“- вели министерот за култура, Зоран Љутков.

Едногласнен беше заклучокот од трибината – само со сплотеност, почитување на научните факти и поголема афирмација на македонската култура , државата може успешно да се справи со сите предизвици и да си го зачува својот идентитет.