Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

АХВ за Алфа: со новиот предлог ќе се реши проблемот со кучињата скитници на територијата на цела Македонија

Граѓаните кои ќе покажат неодговорност и несовесно чување на своите миленици ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните кои ќе покажат неодговорност и несовесно чување на своите миленици ќе бидат казнети парично со дури и до 5000 евра, ова стои во предлог законскиот текст за благостостојба на животни, изготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со експертите од невладиниот сектор. Од Агенцијата за Алфа велат дека предлог – законот предвидува конечно решавање на долгогодишниот проблем со уличните и напуштени кучиња во Македонија. Со него очекуваат значително да се намали бројот на кучињата скитници во државата.

Од таму велат, ако казните до сега беа мнгоу мали и фокусирани на едукација на народот, со новиот предлог закон граѓаните би се соочувале со строги казни од 400-500 евра па се до 5000 евра.

Дел од одредбите веќе се објавени од некои медиуми и во нив е предвидено ако кучето се чува во несоодветни услови или се шета без почитување на правилата, казната може да изнесува околу 400 евра. Во случај на малтретирање, нанесување болка или повреди, како и сурово постапување со животно, казната може да достигне и до 5.000 евра.

Реклама

Предлог законот воведува и нови обврски за сопствениците. Според него сопственикот ќе биде казнет ако својот миленик го остави постојано да биде врзан на ланец. Дополнително ако некој одгледува кучиња и продава кученца без регистрација, ќе се соочи со санкции. Сопственикот ако дозволи неговото милениче неконтролирано да се размножува, исто така следува казна. Секое ново легло ќе мора да се пријави кај ветеринар.

Предвидена е и задолжителна стерилизација на домашните кучиња, а исто така законот предлага и нов пристап за справување со бездомните животни. Освен досегашниот систем „залови – стерилизирај – пушти“, ќе се формираат центри за трајно згрижување и вдомување. Наместо кучето повторно да се врати на улица, може да биде сместено во центар или дадено на вдомување. Исто така, би се вовело и контрола врз пансиони, продавници за миленици и одгледувачници, кои ќе мора да бидат регистрирани.

Од АХВ дополнуваат дека законот е резултат на соработка меѓу институциите и здруженијата за заштита на животните. За сега само е формирана работна група во која учествуваат ЗЕЛС, Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина, Министерството за живтона средина, Министерството за локална самоуправа како и граѓански организации како „Анима Мунди“.

Од АХВ најавуваат дека предлог законот ќе биде презентиран во осум плански региони со цел јавноста да се запознае и да се вклучи во процесот на доработката и корекцијата на законот.