Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Меѓуврсничко насилство: како да се спречи повредувањето и траумата

Исмејување, објавување понижувачки видеа, булиг, врсничко насиство, овие состојби кај маладите стануваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исмејување, објавување понижувачки видеа, булиг, врсничко насиство, овие состојби кај маладите стануваат секојдневие. Од училишни дворови до седење по цели денови на телефон, границата помеѓу детска игра некогаш и сега е јасно евидентна. Експертите предупредуваат – младите не се раѓаат насилни туку тие учат од околината. Но,  кога моделите што ги следат се погрешни, последиците се сериозни.

„Начинот на кој што врсниците меѓу себе се однесуваат и начин на кој што многу учат, се до една определена граница. Нели, они ги повторуваат оние работи што ги гледаат возрастните, начинот на кој што ги решаваат проблемите, па им се допаѓа некој, па не им се допаѓа, па имаат различно мислење, до одреден степен, додека тоа навистина, не премине во некоја озбилно наследство, со насилство што е со силни последици“- вели психологот Маја Стојановска.

Според психолозите, последиците од меѓуврсничкото насилство не ги трпат само оние што го доживуваат, туку и оние што го извршуваат. Жртвите може да се соочат со анксиозност, повлеченост и трајни емоционални трауми. Од друга страна, насилниците често влегуваат во систем на казни што може да ги оттурне уште повеќе кон асоцијално однесување.

Реклама

„Битно да им кажеме на тие што го изтрпеле сето тоа, дека не се виновни, дека тоа не е нивен срам, дека тоа не е нивна вина, дека немаат они ништо удел во тоа. Да, дека тоа се случило, ама не мора да биде центарот на нивниот живот, дека можат да си продолжат понатека да живеат. Големо е влијанието на сето ова и врз младите луѓе кои извршиле некое дело, така да, треба, да, бидат повикани, навистина, треба да поминат низ некој процес, но во исто време да им се помогне да се социјализираат, да се вклопат во општеството.“– вели Стојановска.

Решението, според нив, лежи во раната превенција со помош на тимови од психолози, педагози, училиштата но и родителите.

„Превенцијата е да веднаш во училишата и во градинките, да се работи на тоа, да децата подобро се запознаат себе си, да ја развијат емоционалната интелигенција, да ја развијат способноста за емпатија, да научат комуникациски вештини, како меѓу себе да се дружат, да увидат која е нивната улога во општеството во која што се ноѓаат“- вели Стојановска.

Жртвите на меѓуврсничко насилство не треба да молчат и да се затвораат во себе. Помош можат да добијат,  ако проговорат за проблемот. Од „Млади правници“ ги охрабруваат младите да се обратат до наставниците и психолозите во училиштата.

„Ние целосно ги охрабруваме децата кои не само што се жртви туку и чувствуваат дека можеби се жртви, кои што се двоумат дали тоа што им се случува значи дека се жртви на насилство и на вознемирување, да не го поминуваат тоа сами, туку да се обратат во училиштето или кај некој на кој што тие му веруваат и да побараат помош.“– вели Маја Атанасова од здружението „Млади правници“.

Од таму дополнуваат дека и родителите доколку забелажат дека нешто  се случува  со детето, или доколку отворено им каже дека има проблем, помош можат да побараат и од граѓанските организации, и да добијат совети и инструкции за пријавување на меѓуврсничкото насилство.