Реклама
Економија

ССМ го организира првомајскиот протестен марш со порака „За плата се бориме, не се молиме“

На 80 годишнината од основањето на Сојузот на Синидкатите на Македонија се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 80 годишнината од основањето на Сојузот на Синидкатите на Македонија се одржа осмиот првомајски протестен марш на кој Синдикалците повторно порачаа дека моменталната плата која ја добиваат најголем дел од работниците не е доволна да се преживее месецот. Под мото „За плата се бориме, не молиме“, тие традиционално го започнаа протестниот марш низ скопските улици. Од пред Сорбанието порачаа дека тие ги бараат основните права за почитување на колективните договори и исплата на платите според закон. Пред Стопанската Комора на Македонија порачаа дека токму бизнисмените и сопствениците на компаниите се виновни што младите заминуваат од државата. Побараа да им се исплатат повисоки плати и да го поделат профитот со работникот, бидејќи на тој начин ќе ги задржат квалитетните работници, но и младите во земјата.

„Синдикалниот марш заврши овде пред Владата, од каде што Претседателот на ССМ им порача на владините претставници  дека тие денеска го користат празникот за продолжен викенд, затоа тој рече дека тие ќе останат на браникот на работниците и ќе се борат за минималната плата која треба да изнесува 600 евра“.

Воедно, првиот синдикалец Слободан трендафилов порача дека не смее да се кратат работничките права и да се укине колективниот договор за културата од страна на Уставниот суд.

Реклама

„Денеска дојдовме да им кажеме дека пола народ работнички живее под 600 евра. 1/3 од работниците живее под прагот на сиромаштијата. Тоа што го прават не е доволно. Додека ги потпишуваат договорите под притисок на сидникатите, денес водат борба за укинување на еден договор што ќе значи минималец за една категорија, а во иднина и за другите работници миниалец. Во текот на вчерашниот неше истакнато дека до крајот на мандатот ќе изнедсува 500 евра, ние бараме минималната плата да се зголеми, две години одбиваат да се зголеми“, изјави Трандафилов.

Премиерот Христијан Мицкоски, денешниот првомајски марш го оцени како демократско право и потсетува дека сепак Владата која тој ја предводи им излегла во пресрет и на приватните компании, но и на јавната администрација со потпишување на колективните договори.

Се доведовме во состојба да сме држава со најниска каматна стапка која што стопанството ја користи во заемите и во своите бизниси и при тоа во бројот на работните места, што го потврдува и државниот завод за статистика кој што недвосмислено кажа дека во последните година дена бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за повеќе од 10.000“, изјави Мицкоски.  

Владата повеќе пати изјави дека тие успеале да се договорат синдикатите на администрацијата за зголемување на  платите на административните службеници со потпишување на колективните договори. Но, за платата на работниците треба да се договорат работодавачите и синдикатот, а тие како Влада ќе го поддржат секој договор кој ќе се постигне помеѓу двата субјекти.