Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Пратенички прашања во Собранието

Не можеме за две години да ги стигнеме Италија, Франција и Грција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не можеме за две години да ги стигнеме Италија, Франција и Грција, но фактите покажуваат дека последните шест квартали бруто домашниот производ расте за 3,5 %. Се справуваме со кризита на одговорен начин, за разлика од минатата валст која имаат буџестки дефицит од 10%. Вака премиерот Мицксоки на седницата на пратенички прашања во Собранието ја претстави економската состојба на земјава.

Покрај обвинувањата на опозицијата за низок стандард на граѓаните, имаше прашања и за внесување на Бугарите во Уставот. Јованка Тренчевска од СДСМ ја обвини власта дека  некогаш  нив ги нарекувале предавници, а сега според нејзе Владата веќе размислува за внесување на Бугарите во Уставот. Заменик министерот за надворешни работи  Зоран Димитровски на прашањето дали ќе има уставни измени и  одговори дека токму владата во која таа беше министерка ги закочи евроинтеграциите со прифаќањето на францускиот предлог без политички консензус.

На седницата имаше обвинување и за корупција. Славјанка Петровска од говорница мавташе со фотографии кои според неа покажуваат дека директорот на државниот инспекторат за земјоделство бил фатен  со 50 илајди евра во подземна гаража, а парите наводно требало да завршат кај министерот за земјоделство. Но, според нејзе Тошковски ја прекинал акцијата, за да не го уапси министерот, туку само директорот. Тошковски на ова и одговори дека не и наликува на дама, како нејзе, да е инвентивна во креирање содржини со научна фантастика.

Реклама

Пратеничките прашања вообичаено поминаа со засилена реториката и навреди на релација опозиција- власт..