Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Во Делчево одржан првиот бизнис-форум за унапредување на локалната економија и прекуграничната соработка

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска во Делчево присуствуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска во Делчево присуствуваше на првиот бизнис-форум организиран од Општина Делчево, каде беше истакнато дека ваквите иницијативи отвораат нови можности за локален економски развој, прекугранична соработка и привлекување инвестиции.

Ристески оцени дека регионот има значаен потенцијал, особено преку соработката со соседна Бугарија и искористувањето на европските фондови и прекуграничните програми.

– Овој крај е погранично место и има одлична соработка со соседна Бугарија, особено во искористувањето на европските фондови и средства за реализација на инфраструктурни проекти. Уште поважно е што овој бизнис-форум ќе отвори нови перспективи за развој на локалната економија и за соработка на локалните компании со фирмите од другата страна на границата, изјави Ристески.

Реклама

Тој додаде дека Министерството за економија и труд ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи бидејќи тие значат економски развој, нови работни места и подобрување на инфраструктурата во регионот.

За градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, првиот бизнис-форум претставува почеток на една поширока иницијатива за поврзување на локалната бизнис-заедница со потенцијални партнери од земјата и странство.

– Ова претставува голема чест и задоволство што заедно со мојот тим успеавме да реализираме успешен бизнис-форум, кој планираме да стане традиција. До крајот на годината ќе се одржат уште два форума, од кои еден ќе биде посветен на нашите иселеници, со цел нивните искуства и инвестиции да се насочат кон развојот на Делчево и регионот, изјави Гоцевски.

На форумот присуствуваше и градоначалникот на Благоевград, Методи Бајкушев, кој ја поздрави иницијативата и оцени дека ваквите средби се современ пристап кон градење деловни партнерства.

– Ме радува активноста на многуте компании што учествуваат. Го поздравувам градоначалникот за оваа иницијатива, бидејќи ова е модерен пристап за градење бизнис и создавање деловни контакти. Мислам дека ова е еден нов форум и драго ми е што сум тука вечерва, изјави Бајкушев.

На денешниот бизнис-форум во Делчево учествуваа претставници на локалната самоуправа, бизнис-заедницата и институции од двете страни на границата, а акцентот беше ставен на можностите за економски развој, прекугранична соработка и отворање нови инвестиции во регионот.