Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска Кочоска: Внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила

Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во обраќање на Стручната расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Фискалниот совет.

Расправата се одвива во пресрет на усвојувањето на Фискална стратегија за периодот 2027–2031 година, која е клучна рамка за среднорочно управување со јавните финансии. Оваа стратегија, посочи министерката, е резултат на јасна определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните средства во услови на зголемени глобални ризици, енергетска нестабилност и потреба од зачувување на макроекономската стабилност.  Има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален пат, без да се наруши економската активност и социјалната сигурност на граѓаните. 

Со фискалната стратегија се предвидува постепено намалување на буџетскиот дефицит, од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти во 2028 година, а потоа на 2,8 проценти во 2029 година, ниво кое се задржува и во 2030 и 2031 година. Ова, според министерката, претставува јасен сигнал за постепена фискална консолидација и усогласување со европските фискални стандарди, како и за зајакнување на кредибилитетот на фискалната политика.

Реклама

Во насока на постигнување на овие цели, Димитриеска Кочоска најави дека Владата ќе спроведува континуирани мерки и на приходната и на расходната страна на буџетот, со цел да се обезбеди одржливост, ефикасност и поголема транспарентност во управувањето со јавните финансии.

– Посебно внимание се посветува на зајакнување на наплатата на буџетските приходи преку системски мерки за намалување на сивата економија и подобрување на даночната дисциплина, а се работи на рационализација на расходната страна преку намалување на несуштинските трошоци кај буџетските корисници, со цел јавните средства да се насочат кон политики и проекти со најголем јавен интерес и развоен ефект. Политиките за плати и пензии ќе се водат на начин кој обезбедува зачувување на нивната реална вредност. Стриктната примена и контролата на Законот за јавни набавки треба да обезбеди повисок степен на транспарентност и значајни заштеди на јавни средства, рече министерката за финансии, истакнувајќи дека паралелно со ова, се унапредуваат процесите на планирање и реализација на капиталните инвестиции кои ќе се приоритизираат според нивната подготвеност и според нивниот придонес кон економскиот раст и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните. 

Во обраќањето на расправата министерката исатакна дека фискалните правила не се само техничка рамка, туку суштински инструмент за обезбедување на стабилност, доверба и предвидливост во економската политика, како и дека нивната доследна примена претставува основа за одржлива фискална политика и за долгорочна економска стабилност.

 – Во таа насока улогата на Фискалниот совет е од исклучително значење. Преку својата независна анализа на фискалните претпоставки, ризици и политики, тој придонесува кон навремено препознавање на предизвиците и зајакнување на фискалната дисциплина. Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила. Верувам дека преку ваков вид на дијалог, преку стручна размена на мислења и заедничка работа, можеме да изградиме поотпорен, постабилен и поефикасен систем на јавни финансии, рече министерката за финансии. 

Расправата продолжи со презентации на темите: „Ефикасност на јавната потрошувачка на РСМ (Капитални расходи и земјоделски субвенции)„, „Одржливост на јавниот долг и фискалната политика“, „Институционална поставеност и фискална одговорност и „Дали фискалните правила ги подобруваат фискалните биланси?“.