Бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“ денеска ќе се одржи во Делчево во организација на Општина Делчево и Македонско-Бугарската стопанска комора.
Целта на Првиот бизнис форум во Делчево е поврзување на локалната бизнис-заедница, институциите и потенцијалните инвеститори, како и размена на идеи и иницијативи насочени кон економската соработка и развој на општина Делчево и регионот.
На отворањето на бизнис форумот ќе се обрати заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.
