Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николоски: Утре се пушта во употреба клучка Требеништа на автопатот Охрид-Кичево, на автопатот се работи и навечер

Утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од автопатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фајсбук профил по увидот во изградбата на автопатот доцна вечерва заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. 

-На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево- напиша Николоски.

Нагласи дека резултатите се неизбежни – кога се има јасна цел, силна координација и волја.

Реклама

-Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано. Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата- нагласи вицепремиерот Николоски.